Сари испрати порака до Де Лаурентис: Немам што да кажам за него, можам само…

Дерби

19/11/2018

20:40

1.934

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Челси, Маурисио Сари во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за неговиот престој во Наполи кој самиот тој го смета за многу успешен.

Сари во моментов врши неверојатна работа во Челси, тим кој нема пораз од почетокот на сезоната во Премиер лигата и е во тесна битка со Манчестер Сити и Ливерпул за титулата во ова натпреварување.

Сари го коментираше и односот со Де Лаурентис со кого имаа проблеми по крајот на минатата сезона во Серија А.

-Што оставив во Наполи? Мислам дека бројките јасно кажуваат. Го презедов Наполи кој го заврши шампионатот со 64 поени, а си заминав од тим кој заврши со 91 поен. Повеќе од тоа не можеше да се направи. Го споредуваат мојот Наполи со тој на Винисио, еден од најдобрите тимови во историјата на Италија. Таа споредба ме прави многу горд.

-Де Лаурентис? Немам што да кажам за него. Можам само да му се заблагодарам. Ми ја даде најголемата лична сатисфакција што ме поврза со Наполи, тимот на моето срце и моите предци. Беше прекрасна авантура која не може да биде избришана со таквото мое заминување- заклучи Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг