Скандал ја тресе јапонската авто-индустрија: Уапсен претседателот на Nissan поради фалсификувани финансиски извештаи

Супермен

19/11/2018

21:35

2.658

Големина на фонт

а а а

Јапонските медиуми известуваат дека Карлос Госн, претседателот на Nissan, е уапсен поради сомнеж дека ги фалсификувал финансиските извештаи на компанијата.

Nissan денеска соопшти дека се истражуваат неговите извештаи, додека од обвинителството одбиле да дадат коментар, пренесува агенцијата "AP". Веднаш по објавата на веста за приведувањето на Госн, цената на акциите на компанијата нагло опаднала - акциите на Nissan опаднале за дури 11 отсто, а со нив и акциите на Renault за 6,2 отсто. 

##https://twitter.com/IanHarrold/status/1064494714039222274##

Дневниот весник "Asahi" пишува дека Госн доброволно се јавил на сослушувањето по повод сомнежот дека се прекршени финансиските и девизните прописи. Националната телевизија "NHK" и агенцијата "Kjodo" објавиле слични извештаи.

Весникот наведува и дека Карлос е осомничен за проневера на стотина милиони јени приход (повеќе од милион долари).

Од Nissan, со седиште во Јокохама, наведуваат дека е во тек проверка на нивните финансиски извештаи.

Карлос Госн, кого францускиот Renault го испрати да биде на чело на автомобилскиот сојуз со Nissan, спровел драматични реформи во јапонската компанија во последните две децении, спасувајќи ја од работ на банкрот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk