Шефот на Социјалдемократската партија во Романија смени шест министри

Макфакс

19/11/2018

20:08

1.151

Големина на фонт

а а а

Романската владеачка Социјалдемократска партија смени шест министри. Лидерот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа сака да го зајакне управувањето со владата откако беше критикуван поради својот стил на владеење и поради корупција, пренесе АП.

За време на состанокот, партијата гласала за смена на министерот за сообраќај, економија, труд, култура, развој, спорт и комуникации. 

Сојузничката на Драгнеа, Олгута Василеску, која била министерка за труд, сега е министерка за сообраќај, а другите сменети министри останале без функција. Министерот за одбрана, Михаи Фифор претходно денеска поднесе оставка. 

Покрај неа, оставка поднела и градоначалничката на Букурепт, Габриела Фиреа, која го обвини Драгнеа дека ја сака партијата на произволен начин. 

Виорика Данчила стана премиерка во јануари, но со мали извршни овластувања, додека всушност владата ја води Драгнеа, кој не може официјално да биде премиер поради обвинувања за кражба на гласови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг