Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Макфакс

19/11/2018

20:37

1.885

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со среден дострел.

„Јасно е дека повлекувањето на САД не може да помине без наш одговор“ рекол Путин, пренесе ТАС С. 

Во меѓувреме, руските и американските власти ја пофалија заедничката соработка на двете земји во вселената, истакнувајќи дека е силна наспроти политичките тензии. 

Директорот на „Роскосмос“, Дмитри Рогозин и челникот на одделението на НАСА за истражување и операции, Бил Гестенмајер, денеска се сретнаа на конференција во Москва по повод 20 годишницата од Меѓународната вселенска станица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг