Македонија преку Гибралтар до првото место во групата во Лигата на нации

Дерби

20/11/2018

00:48

1.759

Големина на фонт

а а а

Македонија го совлада Гибралтар со 4:0 и на триумфален начин го заврши настапот во групната фаза на првото издание на Лигата на нации.

Избраниците на Игор Ангеловски доминираа во текот на целата средба против аутсајдерот и заслужено стигнаа до убедлива победа, вкупно петта во шесте одиграни натпревари во ова натпреварување.

Серијата ја отвори Барди со фантастичен погодок во 27. минута, а на втор погодок се чекаше до 67. минута кога Несторовски го постигна својот прв погодок. Вториот на уште поатрактивен начин го реализираше тринаесет минути подоцна, а конечните 4:0 ги постави Трајковски во судиското продолжение.

Со оваа победа, Македонија го потврди првото место во групата и пласманот во полуфиналето во Д рангот на Лигата на нации. Вториот најдобар ефект меѓу првопласираните селекции ни носи предност на домашен терен во полуфиналето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг