Борба на великаните: Кој суперавтомобил има најдобар звук?

Супермен

20/11/2018

14:17

1.346

Големина на фонт

а а а

На Јутјуб каналот наречен "DragTimes" е објавено видео кое претставува борба на шест суперавтомобили, поточно, нивното одмерување на силата кога станува збор за звукот.

Во видеото се прикажани Bugatti Chiron, Ford GT од 2005 година, Ford GT од 2018 година, McLaren 720S, Ferrari 458 Speciale и Lamborghini Urus. 


Chiron го придвижува 8,0-литарски quad-турбо мотор кој развива 1500 коњски сили, во McLaren 720S се наоѓа twin-турбо V8 мотор кој испорачува 710 коњски сили, Ford GT (2018) поседува 3,5-литарски V6 twin-турбо мотор кој нуди 647 коњски сили како што е случај и со GT од 2005 година кој има 5,4-литарски V8 мотор.

Италијанците исто така имаат свои претставници, а тоа се Ferrari 458 Speciale кој е единствениот со атмосферски 4,5-литарски V8 мотор и 597 коњски сили, додека Lamborghini Urus го покренува 4,0-литарски twin-турбо V8 мотор со 650 коњски сили.

Во приложеното видео можете да слушнете како звучат овие страшни машини и според вас да оцените кој од автомобилите звучи најдобро.  


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk