"Луѓето постојано ме прашуваат дали сум чипуван... Сум, зошто да не?"

Супермен

20/11/2018

15:32

1.906

Големина на фонт

а а а

Се поголем број компании, особено во Велика Британија, "од безбедносни причини" во своите вработени вградуваат чипови наречени "Radio Frequency Identification".

Компаниите кои се занимаваат со ваков вид на чипување наведуваат дека на тоа се одлучуваат компании кои "ракуваат" со чувствителна документација, па поради тоа сакаат да го контролираат движењето на вработените со цел случајно или намерно да не дојдат во контакт со нив. 

Јован Остерлунд, основач на шведската компанија "Biohax" која произведува чипови-импланти, во изјава за британскиот Телеграф рекол:


"Компаниите работат со многу чувствителни документи. Употребата на чипови им овозможува да постават одредено ограничување на пристапот. Во компанија која вработува 200 илјади луѓе, тоа може да биде понудено како опција, чие прифаќање или одбивање носи одредени последици. Но, иако 15 отсто од луѓето ова го прифаќаат, вие и денес во компаниите имате релативно голем број луѓе кои не сакаат да носат ни обични картички за идентификација".

Еден од аргументите со кои компаниите се служат во одбрана од критиките е дека воведувањето на чипови заштедува пари и овозможува поедноставување на некои процеси.

"Освен што на вработените им се ограничува пристапот до одредени зони во внатрешноста на компанијата, микрочиповите можат да се користат и за други намени со цел да се забрзаат некои секојдневни рутини. Така на пример, вработените со помош на чипови можат за многу кратко време да купат храна во кантината, побрзо да влегуваат во зградата и да ги отклучуваат електронските брави на вратите", додал Остерлунд.


Трендот на чипување на работниците е најприсутен во САД и Велика Британија, но се повеќе "пушта корени" и во Шведска, каде луѓето се многу поладнокрвни кога е во прашање "претворањето во киборзи".

Фредрик Каијсер, еден од шефовите на "Epicenter", бизнис инкубатор од Шведска, е многу "поопуштен" кога станува збор за чипувањето. Тој смета дека треба да се гледа кон иднината:

"Луѓето постојано ме прашуваат дали сум чипуван. Јас велам: "Сум, зошто да не?". Сите се возбудуваат поради прашањето на приватност и останатите последици. Во мојот случај, тоа е бидејќи сакам постојано да пробувам нови работи. На чипувањето гледам како на нешто кое ќе ми овозможи побрзо да зачекорам во иднината", вели тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk