Александар Белов: Градот кој ќе ве врати најмалку уште еднаш

Точка

21/11/2018

13:28

6.498

Големина на фонт

а а а

Фламенко вечер, уживање во шпанските национални игри и одлично вино. Алексанадар Белов ве носи во елегантниот град во готски стил, каде како што вели тој сигурно ќе посакате да се вратите најмалку уште еднаш. Уште ако сте фан на „Барса“ нема да се двоумите да заминете што поскоро. Има многу причини да се посети Барселона, независно за кој период од годината станува збор. Еве зошто:

Колку си задоволен од сместувањето во Барса, бидејќи неретко во некои туристички агенции се нуди едно, а откако ќе пристигнеш гледаш друга слика?

- Во Барса можете да престојувате во хостел затоа што се адекватно опремени и поседуваат се што ви е неопходно. Ако патувате со друштво секако дека и повеќе ви се исплаќа. Јас искрено сум таков карактер и се адаптирам лесно на секакви услови или во превод битно ми е со кого сум отколку каде сум. Барселона треба да се посети и да се ужива во архитектурата на градот, динамичната медитеранска атмосфера преполна со туристи, вкусната храна и преубавата клима, а не да губите време на сместување.

[Барселона неделно ја посетуваат преку еден милион туристи]

Кој специјалитет би ни го препорачал од шпанската кујна?

- Во Барселона секаде околу вас можете да најдете бројни национални ресторани, или брза храна, но јас ви препорачувам да заборавите на тие опции и да пробате типични шпански специјалитети. Не е преногу скапо, некаде цел оброк можете да најдете и до 15 евра. Она што јас би ви го препорачал се тапаси, кои можете да ги пробате во различни вкусови. Па, изберете сами, во тоа не би се мешал.

Што ти остави најголем впечаток во Барселона?

- Со самиот факт дека сте во Шпанија т.е. во Барселона не смеете да си дозволите да пропуштите дегустација на вина. Покрај сите знаменитости и атракцији во градот, задолжително посетете Фламенко вечер и уживајте во шпанските национални игри и одлично вино. Ако нешто ми остави посебен впечаток тоа беше дефинитивно таа вечер.


Не смееме да пропуштиме…

- Кога сте во Барселона, единствено нешто што ви недостасува е време. Жив, динамичен и чист Барселона е град кој не може да ве остави рамнодушни. Ако Њујорк е град кој никогаш не спие, Париз градот на светлината, Барселона е град преполн со знаменитости, зеленила, фонтани и паркови. Без оглед во кој дел од градот сте сместени, невозможно е да не ја почувствувате магијата која ја поседува овој град. Сонце, значајни архитектури, уметнички галерии и секако море е онаа причина плус што ја посакува секој турист. Најдобар начин да се запознаете со Барселона е да прошетате по улицата Ла Рамбла, во која се наоѓаат еден куп продавници со сувенири, слаткарници, ресторани и улични музичари. Ла Рамбла не е спектакуларно место, но е забавно за прошетка и така некако полесно ќе го запознаете духот на Барселона. Готскиот стил преовладува од двете страни на оваа улица, а она што не смеете да го пропуштите е познатиот пазар Меркадо де ла Бокуериа, преполн со овошје и зеленчук. Воопшто не наликува на ни еден наш пазар хаха . Една Гаудиева градба е нешто задолжително што морате да погледнете.Тоа е фамозната, величествена Саграда Фамилиа, кој Гауди ја дизајнирал да биде катедрала на Барселона. Започната е во готски стил,ама е завршена според неговите нацрти. За нејзиното одржавање секогаш има работа, па така да секогаш таму има по некој кран.

[Повеќе од 150 илјади луѓе дневно поминуваат низ најпознатата улица Ла Рамбла]

Како фан на Барса сигурно не пропушти да го посетиш Камп Ноу?

- Како голем фан на фудбалот (но не и на Фк Барселона) не би прескокнал посета во Барселона, а да се не посети Ноу Камп. Тоа е одличен стадион и место кое колку и да не сте навивач на клубот, нема да ве остави рамнодушни. Јас времето на Камп Ноу го искористив да купам сувенири за моите пријатели кои се верни навивачи на ФК Барселона.

Во кој дел од денот е најубав градот?

- Вечерните часови се резервирани и за Магичната фонтана,која е спектакл на вода,светла,боја и музика. Е тоа не можам да го опишам, кој бил знае, а кој не бил не би смеел тоа да го пропушти. Малку е да се пишува колку може престолнината на Каталонија да ве воодушеви. Едноставно сум сигурен да тоа е град кој ќе ве врати повторно назад и ќе ви докаже дека не е град кој треба да го посетите само еднаш.

Автор: А.В.



Спонзорирани линкови

Маркетинг