Професионалниот бодибилдер и глумец, Мартин Форд одлучи да се проба во ММА. Полската организација KSW му ја исполни неговата желба и на стартот од професионалната кариера за противник му го одреди страшниот Иранец, Сајад Гариби.
Од моментот кога го потпиша договорот со Полјаците, 33 годишниот Форд максимално се труди да го оправда својот страшен изглед. Тој напорно тренира, ги усовршува своите разорни удари како би го оправдал надимакот "Ноќна мора".
Форд има околу 150 килограми и изгледа навистина страшно.
Меѓутоа, неговиот противник изгледа уште пострашно, кога со причина го споредуваат со суперхеројот Хулк.
Гариби, кој во младоста се занимавал со борење, има дури 170 килограми. И него исто така ова ќе му биде дебитантски настап во октагонот.
Борбата ќе се одржи на почетокот на наредната година, а наскоро очекувајте и официјален договор од двете страни.