Кои се најкупуваните производи и услуги на Black Friday?

Точка

26/11/2018

12:27

8.369

Големина на фонт

а а а

Одлична можност да се купат потребните производи и услуги на попуст и до 70%. „Празник“ за оние кои се опседнати со купување, но и за оние кои реално имаат потреба, а не можат да си ги дозволат по реалната цена на производите и услугите. За помалку пари, повеќе производи. За еден ден потрошувачката беше еднаква на еден месец во обични денови.

Прочистувачи за воздух, спортска опрема, облека, обувки, патувања, козметички третмани, ова се дел од производите и услугите што биле најбарани во Македонија за време на популарниот не само кај нас, туку ширум светот Black Friday раскажува за Точка, Нина Ангеловска од Grouper.

Колку ги користат потрошувачите во Македонија попустите на популарниот Black Friday?

Нина Ангеловска: Тоа е највозбудливиот ден во годината за нас, кој го сметаме за наш патронат под мотото „Неподбеливи зделки. Ограничени количини. Кој купи-купи”. Веќе 5-та година по ред ги подготвуваме Black Friday промоциите и драго ни е што нашиот труд и енергија се препознаени од страна на корисниците и нашите соработници и партнери кои секоја година се расположени да се вклучат со уште подобри зделки и заеднички да ги надминеме очекувањата на корисниците. Еуфоријата која ја носи Black Friday е препознаена од сите - како од купувачите така и од продавачите.

Оваа година кампањата започна уште пред две недели?

Нина Ангеловска: Со Black Friday Машината за подароци преку која доделуваме 500 подароци. До сега веќе 21.000 корсиници се вклучиле во играта. Заедно со машината во фазата на "загревање" започнаа и Black Friday Warm Up зделките кои понудија попусти и до 70%.Почнувајќи од четвртокот на пладне започнавме со лансирање на бројни промотивни понуди кои беа објавувани на секои 2 часа во текот на денот, а на крајот на денот односно на полноќ на 23.11 на Black Friday да бидат активирани 1000 зделки до попусти до 98%.

Што се можеше да се купи како производ или услуга?

Нина Ангеловска: Бидејќи нашиот слоган е "Grouper - Што ти душа сака" помеѓу зделките може да се најде буквално се што би посакале - од масажи, прегледи, третмани, бројни онлајн курсеви до патувања и најразлични производи за домот, за деца и подароци. Многу од зделките беа со ограничени количини и брзо се распродаваа, но во текот на цел викенд се објавуваа и нови промоции. Над 5000 до сега ги искористиле попустите, а продажбите од целата кампања веќе надминаа 18.000 купони.

Што се купуваше најмногу?

Нина Ангеловска: Најпродавани се секако Warm Up зделките што значи спортска опрема, облека, обувки и мода. Меѓутоа треба да се има предвид дека имаше бројни атрактивни зделки кои беа со ограничени количини кои се распродаваа во рекордно брзо време, па ако количините не беа ограничени можеби поинаква ќе беше статистиката за што е најпродавано :) Според бројот на продажбите, многу брзо се распродаваа и зделките за услуги како убавина, масажи и спорт, потоа производите за домот како мали апарати, кујнски додатоци и сл., а многу популарен производ и баран беше прочистувачот за воздух. Секако патувањата не заостануваат никогаш по атрактивност, па во кампањата се понудени над 30 хотели од Македонија и Бугарија кои исто така имаат одлични продажби.

Black Friday заврши, но тука е Cyber Monday?

Нина Ангеловска: Денеска е Cyber Monday односно последниот дел од целата кампања. Дел од активните промоции ќе продолжат и во текот на денешниот, но исто така ќе бидат објавени и нови зделки.

Автор: А.В.



Спонзорирани линкови

Маркетинг