Лео Меси на фудбалскиот терен се снаоѓа како риба во вода, но истото не може да се каже и за црвениот тепих, а за тоа докажува снимката која настана во петокот која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Имено, аргентискиот фудбалер и убавата израелска манекенка Јаел Шелбиа позирале на еден настан на компанијата Сирин Лабс која овој месец ќе го прослави првиот блокчејн паметен телефон, за кој Меси сними реклама.
Убавата манекенка која на Инстаграм ја следат повеќе од 440.000 следбеници се пофали со снимка со еден од најдобрите фудбалери на светот, но луѓето на видеото веднаш забележале нешто друго.
"Меси изгледа како да му е непријатно", "Ова мора да е најчудната поза", "Верен ѝ е на Антонела", беа дел од реакциите за видеото каде Меси изгледа како воопшто да не е опуштен.