Формула 1, на воодушевување на голем број луѓе, одлучи да покрене посебно натпреварување кое ќе биде наменето исклучиво за жени. Женските трки започнуваат во 2019 година, а иако натпреварувањето се уште не започнало, многу навивачи веќе имаат своја омилена Формула 1 девојка.
Станува збор за Дорин Сидел, која е една од 55-те жени возачи кои ќе добијат прилика да се докажат во возење на Формула 1. 33-годишната поранешна Плејбој зајачица воодушевува со перформансите на патеките, а веќе неколку години има сон да вози трки. Таа за Плејбој се фотографирала во 2008 година, а една година подоцна е избрана за најубавата Плејбој девојка во Германија.
Една од најубавите зајачици често патувала низ светот и промовирала настани организирани од Плејбој и тука се родила љубовта кон автомобилите и трките. Во 2011 година, таа започнала да се трка, а нејзиниот спонзор бил токму популарното машко списание.
Досега во кариерата има победено 12 илјади мажи, а сега има прилика да се проба и во женските натпревари. Многумина ја поддржуваат одлуката на Формула 1 и сметаат дека таа е напредна, но има и такви кои сметаат дека со тоа се продлабочува јазот помеѓу мажите и жените. Сидел пак гледа на ваквата одлука како голема шанса за докажување.
"Многу сум возбудена што сум дел од ова и едвај чекам да ги запознаам сите останати натпреварувачки во јануари", напишала Дорин на својот Инстаграм профил.