Секое време носи болести, со што го става човекот пред предизвикот да се справи со нив и да ги победи. Ракот е болетса на денешницата за која се уште нема идеален лек. Но, има начини како превентивно да дејствуваме да се избегне, со што би го намалиле ризикот да не се соочиме со оваа болест. Еден од нив е исхраната.
- На ракот му се препишуваат кумулативните дејства на отрови на нашиот организам. Главна улога имаат надворешни фактори, како што се: загаден воздух, вода и храна, како и микроскопски патогени агенси во нашето надворешно опкружување, како што се паразити, габи, бактерии, вируси и отровни хемикалии, вклчувајќи тешки метали. Во предвид доаѓаат и генетски тенденции и имуно биолошки слабости, а се верува и дека психолошките фактори влијаат за појава и развој на ракот – вели нутриционистката Тања Турунџиева.
- Конзумирање на органска, здрава храна и многу чиста вода, ни се овозможува хранливите состојки и незагадениот крвоток да го оневозможи развивањето на ракот. Но, доколку веќе е тука, овие продукти му пружаат на телото најдобра подршка за сузбивање на болеста и спречување за нејзино вракање.
Базни(алкални) продукти се најмногу значајни со своите својства за борба против ракот. Овие продукти доведуваат Ph вредноста во крвта во рамнотежа, што го стопира размножување на клетките на ракот. Алкалните продукти ја одржуваат Ph вредноста на крвта во идеално ниво од 7.2 – 7.4, што е значајно за превенција и лечење од рак.
Идеално би било исхраната да се состои од 80% алкални продукти, како што се многу видови на сирови зеленчуци и овошја, како и јаткасти плодови, семиња и мешунки.Во препорачливо алкално овошје припаѓаат јаболките, кајсиите, бананите, рибизлите, урми, смокви, грозје, грејпфрут, киви....Лимонот и дињата се најалкалните продукти.
Во препорачлив зеленчук спагаат: брокули,зелка, морков, карфиол, авокадо, целер, ќељ, краставици, модар патлиџан, кромид, лук, магдонос, пиперки...
Во препораката за интегрални зрна семиња и јаткасти овошја се препорачуваат алкалните мешунки во кои спаѓаат боранија, грашок и производи од соја. Добро е и да се знае дека и алкални продукти се оризот, амарантот, киноа, просо, хељда...Најалкално овошје со тврда лушпа се бадем, лешник , орев и бразилски орев.
- Тоа не е храна, но е значаен компонент на овошјето и зеленчукот, влакната всушност се структурна подршка на растенијата, а на нас ни се потребни поради нивната можност за олеснување на протокот на храната низ организмот. За жал, влакната често се губат при обработка на храната. Зголемување на бројот на влакната може да доведе до гасови и стомачни тегоби, но овој проблем обично бргу се повлекува.
- Маслиново Масло се состои од мононезаситни масни киселини кои имаат заштитен ефект кај ракот на дојка, нарочно кај жените во постменопауза. За да има поголемо дејство, треба да се јаде умерено и сирово. Во салатите треба да се додава ладно цедено нерафинирано маслиново масло.
Лененово Масло се конзумира една или две лажици супени за заштита од рак.
Зелени продукти се лиснат зелен зеленчук, луцерка, спирулина која е богата со хлорофил која ја прочистува крвта.
- Свежо изцедените сокови овозможуваат квалитетните ензими и антиоксидантни хранливи материи лесно да се варат. Еден од најдобрите сокови за детоксикација на џигерот(јетра) е сокот од црна рибизла, додека сокот од зелка спречува рак на стомакот, дебелото црево и на ректумот. Сокот од морков е многу добар поради високиот бета каротин и витаминот А, а би требало да се разреди со вода бидејќи има многу шеќери и може лошо да влијае на шеќерот во крвта.
- Неколку врсти на печурки имаат извонредни изцелитески својства. Печурките Мајтаќе ги убиваат клетките на ракот со зголемување на активностите на Т-клетката. Печурките Шиитаќи и Реиши познати како ганодерма печурки имаат антиканцерогени својства и на исток ги користат за продолжување на животот. Печурките Еноки се тенки, високи печурки кои се одгледуваат во една област во Јапонија позната по најниската стапка на случаеви на рак во целата Земја.
- Им помага на пациентите заболени од рак да имаат подолг и поквалитетен живот. Овој успех зависи и од високото ниво на актиоксидантни хранливи состојки и мало количество на масти. Макробиотичката храна помага при рак на дојка, простата, панкреас, материцата и јајниците.
- Кинеската медицина ги познава вредностите на морската трева при лекување на рак бидејќи она ги омекнува стврднатите тумори.
- Месо
- Млечни производи
- Антибиотици
- Пестициди
- Алкохол
- Зрачење
- Електромагнетна радијација
- Тутун
- Хормонска терапија
- Орални контрацептивни средства
- Нездрава храна
А.В.