Неодамна е спроведено мало истражување за тоа кое женско тело мажите најмногу го сакаат. Со експанзија на плус сајз моделите постојано се води полемика околу тоа каков облик на тела најмногу ги привлекува мажите, дали тоа се слабите девојки, атлетски градени или жените со облини.
За истражувањето пронајдени биле три дами со различен вид на телесна градба, едната била со облини, другата била слаба и третата атлетски градена. Сите три истовремено стоеле пред група мажи.
Мажите носеле детектори за погледи со кои било регистрирано кон која дама најмногу им се задржувал погледот.
Сите три жени носеле маици и кратки тексас шорцеви.
Резултатите биле следни: дури 36 % од машкото внимание било привлечено од страна на дамите со облини, нешто помалку од 35 % внимание привлекувале атлетски градените девојки, а само 29 % внимание привлекувале слабите девојки.
Ова дефинитивно е доказ дека слабите девојки повеќе не се најпосакуваните девојки, а за тоа можеме да им заблагодариме на експанзијата на плус сајз моделите во модната индустрија.