Луѓето не му веруваат дека не јаде месо: Овој веган крева тежини и до 210 килограми

Супермен

06/12/2018

15:57

1.042

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот бодибилдер Масимо Бруначони во 2011 година се одрекол од месото поради љубовта кон животните. Тој станал веган и почнал да се храни исклучиво со намирници од растително потекло.

Масимо тврди дека ваквата исхрана не влијаела негативно на неговото тело. Токму спротивното, тој изградил неверојатни мускули. 

Некои се уверени дека билдерот зема стероиди бидејќи сметаат дека е невозможно така да се изгледа од вежбање и урамнотежена исхрана која се состои од зеленчук, но Бруначони тврди дека тоа не е точно.

Кога нема натпревари, во денот јаде 3500 калории, но во пресрет на шоуата во кои ги покажува завидните мускули, тој внесува 2200 калории. "Пред седум години сфатив дека е невозможно да ги сакате животните и да ги јадете. Мојот златен ретривер Луче е заслужен за тоа што станав веган", вели тој.

Масимо тренира шест дена во неделата, а јаде пет пати дневно. Типичната исхрана на овој бодибилдер се состои од овесни палачинки со џем или намаз од лешници. По појадокот, тој консумира ужина, најчесто овошје, протеински шејк и каша.

За ручек избира интегрален ориз, леќа и зеленчук, а за попладневната ужина јаде сушено овошје и јогурт од соја. Вечерата најчесто му се состои од тофу, зеленчук и семки.

"Многумина не веруваат дека не јадам месо. Тврдат дека земам стероиди, но тоа е потполно погрешно", уверува овој 33-годишен Италијанец кој само што се вратил од Светскиот натпревар по бодибилдинг во Америка на кој го освоил второто место.

"Од раѓање се занимавам со спорт и пред секој натпревар ме подложуваат на допински тест. Месото не е неопходна состојка во исхраната доколку сакате да имате мускулна маса", порачал Масимо.

Кога вежба клекнувања, билдерот може да крене импресивни 160 килограми, а кога е во прашање мртвото подигнување, крева и до 210 килограми тежина.

"Ако сте почетник во веганството, побарајте совет од доктор или нутриционист. Мора да научите колку калории да внесувате, од каде да ги добивате протеините, железото, калциумот и останатите нутритиенти. Важно е да го следите и внесот на витамини", додал Бруначони.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk