Најбогатиот човек на светот соборил уште еден рекорд

Супермен

06/12/2018

16:20

1.790

Големина на фонт

а а а

Според извештајот кој го добивме, Безос не ја загубил својата позиција на најбогат човек во светот, но е значително поблиску со Бил Гејтс, кој е втор на листата на најбогати, во споредба со состојбата од пред неколку месеци.

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, го држел рекордот за најголема сума на пари загубени во одреден период, кога во јули пријавил помалку приходи и пораст на бројот на корисниците, односно му се намалило богатството за 16.5 милијарди долари.


Тоа што го довело Безос до губиток на сите овие милијарди е берзата со Nasdaq Composite индексот, кој достигнал најниска вредност од април. Со самото тоа, акциите на Амазон паднале на 6.3%, а потоа и 7,8%, што го оставило Безос со 128.1 милијарди долари.


Во понеделникот, тој загубил 8.2 милијарди долари, што е најголем загубен износ некогаш. На второ место на оваа листа се наоѓа Мексиканскиот телекомуникациски тајкун, Карлос Слим, кој останал без 2.5 милијарди долари, додека Бил Гејтс загубил половина милијарда долари, па сега има богатство проценето на 92.8 милијарди долари. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk