Моден водич: Како да носите ролка оваа зима?

Супермен

07/12/2018

17:11

4.125

Големина на фонт

а а а

Ролките се одлично парче облека, особено во текот на студениот зимски период. Ролката ви овозможува да останете топли, а истовремено во неа да се чувствувате убаво и пријатно.

Сепак, поради својот дизајн, мажите често имаат потешкотии во вклопување на ова парче во својот секојдневен моден стил, па тоа е и причината зошто не го носат толку често. 

За таа цел, ние ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да ја вклопите ролката во вашиот моден стил и со леснотија да ја носите оваа зима.

Ролка под кожна јакна

Доколку сте љубител на кожните јакни, тогаш треба да знаете дека ролките одлично се вклопуваат со нив. Со помош на оваа комбинација ќе изгледате бунтовнички, но истовремено ќе имате елегантен и префинет изглед.


Ролка под капут

Нема ништо поелегантно од комбинацијата на ролка со долг зимски капут. Доколку на ваквата комбинација ѝ додадете и шал, тогаш ќе добиете одличен зимски изглед со кој ќе привлечете внимание.


Ролка под сако

Доколку ви здодеаја монотоните комбинации како сако и кошула, тогаш заменете ја кошулата со ролка и бидете најдобро облечениот маж на вашето работно место.


Ролка со спортски парчиња

Ролките не се само наменети за мажи кои имаат поелегантен стил. Поради нивната удобност, тие лесно можат да се вклопат и во комбинација со тренерки и патики.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk