На секој маж веројатно му е важна големината на пенисот, а сега е откриено дека токму на тоа влијае една хемикалија која се наоѓа во тефлонските тави.
Најновото научно истражување покажало дека мажите можат да се родат и со центиметар и пол помал полов орган од просекот доколку мајката во текот на бременоста јаде пржена храна во тефлонска тава.
Имено, овој кујнски сад содржи опасна хемикалија наречена полифлуороалкил, која директно влијае на машките хормони. Полифлуороалкилот влијае на нивото на тестостерон така што влегува во крвта, а кај мажите предизвикува сериозни здравствени проблеми. Затоа, доколку вашите родители биле "затруени" со оваа хемикалија при вашето зачнување, голема е веројатноста да сте родени со помал пенис.
Ова пореметување не се случува само во текот на зачнувањето или развојот во матката, туку е типичен и за тинејџерскиот развој, затоа одбегнувајте да јадете намирници припремани во тефлонска тава. Спорната хемикалија е пронајдена и во водоотпорните предмети и херметичките пакувања за храна така што би требало да ги одбегнувате и нив.
Едно истражување спроведено во Падова испитувало 383 мажи од 18 години. Во текот на студијата биле измерени половите органи на 212 мажи кои живееле во загадена средина и половите органи на 171 маж кој немале никаков допир со оваа област. Студијата покажала дека мажите кои биле изложени на полифлуороалкил имале 12,5 отсто помали пениси од просечниот, но и за 6,3 отсто потенки. Овој град инаку бил токсициран со спорната хемикалија се' додека не било укинато користењето на тефлон во 2013 година.