Крај на проектот "Bloodhound": Никој не сакал да вложи во најбрзото возило на светот

Супермен

10/12/2018

09:42

1.508

Големина на фонт

а а а

Повеќегодишните напори да се оспособи проектот за развој на најбрзото копнено возило официјално пропаднале.

"Bloodhound SSC" беше еден од последните потези со кои барем за момент би се оживеала традицијата на копненото градежништво, па макар и низ проектот за оваа ракета. Идејата била да се развие копнена брзина поголема од 1609 км/ч. (1000 mph), а благодарение на млазниот погон на воениот авион "Eurofighter", тоа би било и возможно. 


Но, постоел еден услов, а тоа било да се соберат уште 25 милиони фунти за затворање на финансиската конструкција, но кога условот не се остварил, проектот бил официјално исклучен.

"Наспроти големиот интерес и поддршката од јавноста, па и големиот круг на потенцијални инвеститори, не беше возможно да се обезбеди одговарачки инвеститор", изјавил администраторот на проектот Ендрју Шеридан за "BBC".


Тимот од експерти планирал да го донесе болидот во јужна Африка на исушеното езеро Хаксин Пен каде е припремена тестната патека, но од возењето нема да биде ништо бидејќи целата опрема ќе биде вратена, а онаа која е во сопственост на компанијата ќе оди на продажба. Со тоа ќе остане забележано само едно тест возење во кое овој монструм се движел со 320 км/ч.

Со тоа, брзинскиот рекорд останува во рацете на "Thrust SSC" со кој Енди Грин во 1997 година возел 1227 км/ч. Грин требало да го вози и "Bloodhound".


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk