Слепа жена креирала апликација која ќе им го олесни животот на многумина

Супермен

10/12/2018

11:12

1.354

Големина на фонт

а а а

Откако останала слепа на 14 години, Чиеко Асакава 10 годни развивала технологија која секојдневно ги менува животите на многу слепи луѓе, пренесува "BBC".

"Кога го започнав овој проект, немав никаква технологија која би можела да ми помогне. Не можев да прочитам ништо ниту да отидам некаде сама", изјавила Асакава која ослепела како тинејџер по една несреќа во базен. 

Тешката ситуација ја навела да почне да учи и користи компјутер како слепа личност, а наскоро добила и работа во "IBM". Додека работела во компанијата, таа го завршила и својот докторат. Чиеко произвела програма која го претвора гласот во текст и обратно, и со тоа им ги отворила вратите на многу слепи лица во Јапонија.


Д-р Асакава развила технологија која се нарекува "NavCog" и функционира преку апликација на паметните телефони. Оваа апликација е се уште во почетна фаза и е достапна само во Јапонија и во некои делови од Америка, а од "IBM" неодамна изјавиле дека апликацијата наскоро ќе биде лансирана низ целиот свет.

Постариот пар Кристин Хансинџер и нејзиниот сопруг Даглас Хансинџер се слепи и двајцата ја користат апликацијата веќе неколку месеци. Тие изјавиле дека "NavCog" им помага да имаат поголема контрола над својата ситуација и дека сега можат да пешачат низ непознатите делови од градот без страв дека ќе се изгубат или повредат.

Идниот проект на д-р Чиего е багаж кој ќе функционира по принцип на робот и сам ќе се движи покрај сопственикот и ќе најавува кога ќе наиде на скали бидејќи тогаш ќе мора да се подигне.

"Сакам да уживам кога патувам сама, затоа максимално ќе се фокусирам на овој багаж, дури и ако тоа ми одзема премногу време", изјавила таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk