Три „недостатоци“ на мажите од кои тие се плашат, а жените ги обожуваат

Супермен

10/12/2018

16:57

2.933

Големина на фонт

а а а

Машкиот шарм е нешто што е многу тешко да се опише со зборови, но често за тој сокриен сексапил придонесуваат ситници кои ги прават мажите посебни и едноставно неодоливи.

1. Вашиот стомак


Дури две третини од испитаните жени во една анкета потврдиле дека популарните „плочки“ на стомакот не се толку секси колку што се зборува за нив. Имено, жените изјавиле дека повеќе сакаат да гледаат природен стомак, кој опишува „нормален“ фраер, кој не е опседнат со огледало, дизајн и протеини. Изгледа дека умереноста секогаш е возбудлива.

2. Задоцнетото бричење


Младата брада која е стара само неколку дена, е вистински мамец за припадничките на поубавот пол. Не станува збор за тоа брадата да биде со таа должина, туку во помалку бунтовнички и многу лежерен изглед на мажи кои со соодветна облека и помалку „фраерски“ став, „вриштат“ од сексапил.

3. Знаци на стареење


Анкетата исто така потврдила дека жените проседата коса ја доживуваат како многу секси детаљ. Иако денес сè повеќе мажи посегнуваат по боја за коса, за да ги покријат првите знаци на стареење, жените попрво би одбрале просед маж, отколку изглед кој е „исфорсиран“ и не може да не се забележи. Истото важи и за ќелавоста. Шишањето до милиметар или нула може да изгледа неодоливо. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk