Фотограф од Турција кој работи на аеродром со портрети од различни луѓе ширум земјата го поврзува светот на едно место

Супермен

11/12/2018

12:18

2.359

Големина на фонт

а а а

Фотографот Мустафа Чанкаја е вработен на аеродромот Ататурк каде секојдневно среќава илјадници различни луѓе со различни култури и делови од светот. Тоа го инспирираше својата љубов кон фотографијата да ја спои со работата во аеродромот и да започне проект "100 лица-100 земји".

Проектот го започна во март оваа година, а моментално има 117 портрети од 77 различни земји. 


"Речиси секој ден шетам на транзит зоната на аеродромот обидувајќи се да го најдам вистинското лице. Лицето кое ќе го фотографирам мора да биде различно на некој начин. Тоа може да биде негова/нејзина фризура, облека, но најважно е чувството помеѓу мене и таа личност", рекол Мустафа.


Тој ќе продолжи со овој проект и се надева дека ќе оствари изложба со фотографии на луѓе од 100 различни земји.

"Ми се допаѓа тоа што овој проект го поврзува светот на едно место", рекол Мустафа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk