Ова го може само Ибрахимовиќ: Го избришал шведскиот крал и се "монтирал" покрај кралицата

Супермен

11/12/2018

14:23

2.290

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ е познат како личност која честопати привлекува големо внимание во јавноста поради своите потези, а популарниот Ибра во последната своја објава на Инстаграм се пошегувал со кралот и кралицата на Шведска.

Имено, Златан објавил фотомонтажа во која наместо ликот на кралот Карл Густав XVI, ставил своја монтирана фотографија покрај кралицата на Шведска, Силвија. 

Тој дополнително ја "зачинил" шегата со опис во кој ја заменил првата буква од својата држава со почетната буква од неговото име, па така напишал: "Zweden".

Овој негов потег уште еднаш го привлече вниманието на светската јавност, а посебно на шведската. Досега, фотографијата има околу 1,5 милиони лајкови само на Инстаграм.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk