Паметната јакна на Levi's стана уште попаметна

Супермен

11/12/2018

15:37

1.523

Големина на фонт

а а а

За прв пат се појави пред повеќе од една година, а сега доби уште една корисна функција.

Новиот модел на паметната јакна "Jacquard" која настанала во соработка со компаниите "Google" и "Levi's", го известува својот сопственик во ситуации кога "проценува" дека тој го заборавил својот паметен телефон. 

Кога сопственикот премногу ќе се оддалечи од телефонот, се активира опцијата наречена "Always Together". Тогаш јакната се огласува така што сензорот на ракавот започнува да свети и вибрира. Опцијата активира нотификација која се појавува на телефонот и на сензорот на ракавот.

Пред воведување на оваа автоматска опција, потрагата по телефон морала рачно да се извршува. Сопственикот морал да направи одредено движење кое го активира сензорот, за телефонот да започне да ѕвони.

Освен оваа нова функција, јакната нуди и опција за контрола на музичките содржини и користење на популарниот сервис "Google Maps". Цената на паметната јакна изнесува 350 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk