Вештачката интелигенција го олеснува животот, но кое е најлошото сценарио?

Супермен

12/12/2018

11:52

1.930

Големина на фонт

а а а

Технологијата и "дигиталниот живот" го променија светот, а веќе не може да си го замислиме секојдневието без компјутер, паметен телефон или интернет. Но, во нашиот "дигитален живот" полека влегува и вештачката интелигенција.

Прашањето кое се' почесто се поставува е како ќе изгледа човечкиот живот во иднината, а токму на тоа прашање пробале да одговорат бројни иноватори, истражувачи, активисти, но и бизнисмени и политичари, во склоп на анкетата од истражувачкиот центар Пју во Вашингтон. 

Речиси 1000 луѓе го дале своето мислење за иднината поврзана со вештачката интелигенција. Експертите предвидуваат дека таа ќе се поврзе во мрежата која ќе ја подобри ефикасноста на луѓето, но и ќе претставува потенцијална закана за човековата автономија и способност.


Компјутерите многу брзо ќе станат еднакви, па дури и поинтелигентни од луѓето. Нивната способност ќе се користи за донесување на комплексни одлуки, учење, софистицирана аналитика и препознавање на гласови и јазици, сметаат испитаниците.

Тие додаваат и дека "паметните системи" ќе допринесат за заштеда на времето и парите, бидејќи на луѓето ќе им пружат можност помалку да работат, а повеќе да уживаат во животот. Главната предност е имплементирање на вештачката интелигенција во медицината која ќе овозможи дијагностицирање и лекување на разни болести, што ќе овозможи подолг и поквалитетен живот.

Но, постои и црно сценарио (до кое не мора да дојде)

Сепак, поголемиот дел од експертите се' уште не се сигурни како вештачката интелигенција ќе влијае на луѓето и нивниот живот. Пред се', тие сметаат дека вештачката интелигенција толку ќе ги преземе нашите животи што луѓето ќе ја жртвуваат својата независност, приватност и можност за избор бидејќи се' ќе стане автоматизирано.

Стравот е поврзан и со големите количини на податоци кои ѝ се потребни на вештачката интелигенција за да се развива. Јасно е дека нејзиниот развој ќе влијае и на загубата на работни места, што би можело да доведе до протести и општествени нереди, наспроти развојот на нови работни места поврзани токму со вештачката интелигенција.


Поради преголемото ослонување на вештачката интелигенција, луѓето би можеле да изгубат или заборават некои клучни вештини како што е возење на автомобил или готвење. Според најлошите сценарија кои потсетуваат на оние од холивудските филмови, вештачката интелигенција би го презела оружјето, би била употребувана за сајбер криминал и би се користела за ширење на лажни информации.

Сепак, не мора да дојде до тие најцрни сценарија.

Сите се согласуваат дека, пред вештачката интелигенција премногу да се развие, потребно е да се востановат цврсти правила според кои луѓето секогаш ќе бидат над роботите и машините. За тоа да биде постигнато, потребно е да се подобри соработката на светско ниво и да се развие децентрализиран систем на интелигентни мрежи кои ќе ги следат етичките начела.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk