"Мојот дедо беше вистинскиот Бонд, Џејмс Бонд": Внук открил доверливи документи за најпознатиот таен агент

Супермен

12/12/2018

13:48

2.846

Големина на фонт

а а а

Во 2014 година, едно семејство благодарение на измените во законот за британските тајни акти, дознало дека нивниот дедо во текот на војната бил вистински шпион.

Ова е дополнително интересно и поради фактот што нивниот дедо се викал Џејмс Бонд. Стивен Филипс, внукот на Џејмс Чарлс Бонд, добил пристап до тајни документи и останал изненаден кога дознал дека неговиот дедо бил шпион и член на група за специјални операции во текот на Втората светска војна. 


Филип се присетил дека во текот на детството, целото негово семејство било предупредено да не испитува што Бонд работел во текот на војната. Меѓутоа, на Филип никогаш не му паднало напамет дека неговиот дедо бил дел од елитна единица. Џејмс Бонд од Јужен Велс во текот на војната и шест години подоцна бил дел од тајната елитна единица.


Стивен пронашол документи кои неговиот дедо ги потпишал на 3-ти јуни 1944 година, само три дена пред денот Д, кога било објавено истоварањето во Нормандија.

Уште поголемо изненадување било тоа што Џејмс Бонд работел под управата на Ијан Флеминг, долго пред Флеминг да стане писател и пред да пишува романи за Џејмс Бонд. Тој ја водел британската поморска известувачка служба и секогаш тврдел дека неговиот книжевен јунак Џејмс Бонд го добил името по еден Американец кој ги проучувал птиците.


Меѓутоа, Филипс останал заинтригиран од односот помеѓу својот дедо и Флеминг, како и работата која тие ја извршувале.

Тој истакнува дека Флеминг морал да каже дека како инспирација за ликот за Џејмс Бонд му послужил друг човек за да го заштити неговиот дедо и работите кои ги извршувала тајната служба. Семејната легенда вели дека Џејмс во една прилика ѝ признал на својата внука Џени дека тој е вистинскиот Џејмс Бонд, а потоа никогаш не зборувал за тоа.

Вистинскиот Џејмс Бонд починал во 1995 година, во 89-тата година од животот, а на своето семејство никогаш не му ја открил вистината за своето минато.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk