Стави крај на гласините за женидба: "Тоа не е вистина, засега нема да има свадба"

Супермен

12/12/2018

14:26

2.136

Големина на фонт

а а а

Неодамна во медиумите се појави вест дека фудбалерот Кристијано Роналдо ја запроси својата девојка Џорџина Родригез. Прво се нагодувало дека се вериле кога Џорџина била фотографирана со прстен на раката, а после тоа парот неколку пати беше уловен како оди во црква па многумина сметале дека се подготвуваат за свадба.

Сепак, славниот фудбалер и понатаму ќе го задржи ергенскиот статус.


"Уште ништо од свадба. Сега објаснив сè и ги прекинав шпекулациите кои се појавија. Имено, папараците ме фотографирале кога бев во црква и веднаш помислиле дека со Џорџина се подготвуваме за свадба. Тоа не е вистина. Кој знае што ни носи иднината, но засега нема такво нешто", рекол Роналдо и додал:


"Јас сум католик и во црква одам секоја недела за да му се заблагодарам на Бог за силата која ми ја дава и се молам да ја заштити мојата фамилија и пријатели", рекол еден од најдобрите фудбалери на денешницата за италијанскиот магазин "La Gazzetta dello Sport".


Џорџина и Роналдо имаат заедничка ќерка Алана Мартина и уште три деца кои на свет ги донесе сурогат мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk