Кинеските власти основале одбор кој ќе проценува кои видео игри се "штетни по здравјето" на играчите

Супермен

13/12/2018

09:33

893

Големина на фонт

а а а

Кина основала одбор за етичка анализа на видео игри кој ќе биде насочен кон спречување на појава на игри кои содржат насилство и содржина за возрасни, доколку не дојде до одредени промени и прилагодувања пред да се појават на пазарот.

Кинескиот пазар на видео игри е еден од најголемите, ако не и најголемиот во светот, кој многу брзо расте поради што кинеските власти во последно време настојуваат да ја интензивираат својата контрола над него. 

Властите проценуваат дека се повеќе кинески граѓани играат видео игри кои можат да бидат "штетни по нивното здравје". Поради тоа, Кина одлучила да формира нов специјален одбор со задача да ги проценува игрите кои ќе се најдат во продажба. Одборот ќе се сосредоточи на проверка на игри кои потенцијално содржат експлицитни сцени од насилство или содржина за возрасни и кои од здравствен аспект би можеле да предизвикаат зависност или проблеми со видот.

Одборот досега прегледал 20 видео игри, од кои 9 биле одбиени, додека 11 видео игри треба да извршат одредени промени за да се појават на пазарот. Насловите на игрите кои се или не се одобрени не се јавно објавени.

Самиот одбор го носи официјалното име "Етички одбор за онлајн игри", од кое може да се насети дека тој е воглавно сосредоточен на контрола на онлајн игрите кои се многу популарни помеѓу играчите во Кина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk