Фитнес тренер открил зошто протеинските шејкови не се добри за вашиот организам

Супермен

13/12/2018

13:41

2.554

Големина на фонт

а а а

Сигурни сме дека повеќето од вас кои вежбаат, консумираат и протеински шејкови пред, во текот и по завршување на тренингот.

Многумина сметаат дека протеинските шејкови се неопходни доколку сакате побрз и подобар раст на мускулите, но фитнес тренерот и нутриционист Макс Ловери смета дека шејковите се потполно непотребни и дека треба да се консумираат само во одредени ситуации.  

"На возрасен човек кој не тренира, потребни му се околу 60-75 грама протеини дневно, а кај мажите кои тренираат, таа доза треба благо да се зголеми, но во секој случај, количината на протеини кои треба да ги внесете можете лесно да ги добиете од основната храна која ја јадете. Сметам дека протеините треба да ги внесете од храната и дека тоа е најдобриот и најприродниот начин. Не сметам дека протеинските шејкови се нездрави, туку дека се непотребни и дека создаваат голем трошок. Суплементите им ги препорачувам само на лицата кои се вегани и кои имаат лоша исхрана, па немаат можност во текот на денот да внесат доволно протеини", изјавил Макс кој објаснил зошто тој не консумира суплементски протеини.

Тој исто така објаснил и дека огромен број на луѓе не водат грижа за внесот на протеини во текот на денот и дека со помош на протеинските шејкови внесуваат далеку повеќе протеини од потребното.

"Преголемата количина на протеини може да биде лоша по организмот бидејќи вишокот на протеини се претвора во шеќери, што доведува до инсулински одговор кој пак доведува до побавно трошење на мастите во вашето тело. Овој процес се нарекува глуконеогенеза", изјавил младиот тренер.

Макс објаснил дека во текот на денот јаде само 2 пати дневно и смета дека тоа е идеална количина на храна за неговото тело и неговите потреби. Тој не смета дека секој би требало да јаде само два оброци дневно бидејќи секој од нас има различни потреби, но важно е да научите да го слушате своето тело и да му го пружите потребното во доволна количина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk