Погледнете како третиот најбогат човек на светот ги троши своите пари

Супермен

14/12/2018

14:06

3.922

Големина на фонт

а а а

Ворен Бафет, човекот кој има богатство проценето од 88.3 милијарди долари е третиот најбогат човек на светот.

Тој почнал да го создава своето богатство, инвестирајќи во берза на само 11 години, а моментално е директор на компанијата „Berkshire Hathaway“. Сепак, ако би го следеле начиот на кој тој ги троши парите, никогаш не би претпоставиле дека тој е милионер.


Како што изјавувал во бројни интервјуа, никогаш немал желба да поседува повеќе куќи, секакви скапи работи и повеќе автомобили. Всушност, Бафет живее во многу скромен дом во Омаха, Небраска, која ја купил за 31.500 долари, во 1958-ма година.

Тој исто така обожува да игра голф, но не сака да троши пари на некои ексклузивни и луксузни клубови. „Јас сум член на сите голф клубови каде што ќе посакам да бидам член... повеќе би сакал да играм голф со луѓе кои ми се допаѓаат, отколку на некој најскап терен на светот“, изјавил тој.

Сепак, тој не би бил ова што е сега, да не биле неговите паметни стратегии за инвестирање. Мора да имате пари за да заработите пари, како што вели Бафет. На пример, 99% од неговото богатство е поврзано со неговата погоре спомената компанија, додека останатиот 1% го користи за своја слободна инвестиција.


Најголемиот дел од своите милијарди, Бафет ги троши на филантропија и се смета за еден од највеликодушните луѓе во светот, бидејќи донирал повеќе од 46 милијарди од 2000-та година. Тој во 2010-та година се здружил со Бил и Мелинда Гејтс, за заедно да го основаат „The Giving Pledge“, тоа е иницијатива која бара од најбогатите луѓе на светот поголемиот дел од нивното богатство да го остават на филантропските организации.

Оваа година, тој донирал уште пари во фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, поточно околу 2.6 милијарди долари во акции на „Berkshire Hathaway“. Истата недела, тој донирал околу 800 милиони долари во акцијата на „Berkshire Hathaway“, пари наменети за фондациите „Susan Thompson Buffet Fondation“, „Sherwood“, „Howard G. Buffet“ и „NoVo Fondation“.


Како што вели тој, неговиот живот не би можел да биде подобар и посреќен. „Всушност, мојот живот би бил само полош, ако имам шест или осум куќи. Имам сè што ми е потребно, и повеќе од тоа не ми треба, бидејќи всушност, во еден момент, разлика во тоа и не постои.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk