Компанијата Nike не престанува да не' воодушевува и се чини дека на секои неколку месеци пласира нови патики на пазарот кои едноставно мора да ги поседуваме.
Таква е ситуацијата и со новите Vapormax патики. Станува збор за модел наменет за трчање кој е направен благодарение на најмодерната технологија. Овие патики се креирани од лесни и издржливи материјали кои пружаат максимална удобност и потпора и спречуваат потење. Поради материјалот кој може да "дише", Nike Vapormax е идеално решение за сите оние кои имаат проблем со потењето.
Мажите кои се занимаваат со некој вид на спорт ќе откријат дека овие патики се совршени за нив бидејќи тие буквално не се чувствуваат на нозете поради својата мала грамажа. Првенствено креирани за трчање, тркачите ќе бидат максимално воодушевени бидејќи во овој модел тие ќе можат да ја освојат секоја подлога.
Она по кое овој модел се разликува од останатите Vapormax патики е новата боја која претставува комбинација од неколку сини нијанси. Посебно интересен детаљ е и проѕирниот ѓон кој прави овој модел да изгледа футуристички.
Цената на Nike Vapormax 2019 "Teal Tint" ќе изнесува околу 190 долари, а тие би требало да се најдат во продажба по Нова година.