Huawei го претстави новиот смартфон Nova 4 со камера од 48 мегапиксели

Супермен

17/12/2018

15:09

1.318

Големина на фонт

а а а

Компанијата Huawei официјално го претстави својот нов смартфон после четири седмици откако беше објавен трејлерот за истиот. Станува збор за така наречениот Nova 4, кој најмногу привлекува по заострениот изрез на екранот во кој е сместена селфи камерата од 25 мегапиксели.

Samsung на некој начин го победи Huawei претставувајќи слично решение за смартфонот Galaxy A8 минатата седмица, но смартфонот на Huawei има помала дупка на екранот. 

Минатата седмица брендот на Huawei, Honor го најави смартфонот View 20 која има многу повеќе заеднички работи со смартфонот Nova 4. Покрај истата дупка на екранот и двата уреди имаат задна камера од 48 мегапиксели. Оваа камера е една од трите случаеви на смартфонот на Huawei Nova 4, но Honor сè уште не ја покажа задната страна од својот уред View 20.


За разлика од View 10, Nova 4 има Kirin процесор 970 кој се наоѓа во смартфоните View 10 и Huawei P20 Pro, додека новиот смартфон на Honor ќе го користи новиот процесор Kirin 980.

Што се однесува до останатите спецификации на мобилниот Nova 4, доби 6,4 инчен екран, резолуција од 2.319x1.080 пиксели, 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, сензор за отисок на прстот, 18 W брзо полнење со помош на USB-C кабел и батерија од 3.700 mAh.


Nova 4 ќе чини околу 490 долари, но ќе се појави и нов поефтин модел кој наместо камера од 48 мегапиксели ќе има камера од 20 мегапиксели. Тој модел ќе чини 450 долари, а откако ќе пристигне во Кина, смартфонот ќе се појави и на индискиот и европскиот пазар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk