Фотографијата од уапсениот крадец стана хит бидејќи никој не може да поверува колку години има

Супермен

28/12/2018

11:35

5.774

Големина на фонт

а а а

Полициската фотографија од човекот кој бил уапсен поради кражба на автомобил стана вирална на Интернет, бидејќи луѓето не можат да си поверуваат колку години има осомничениот.

Мурад Масуровиќ Курбанов е уапсен во вторникот за кражба на автомобил, бегајќи од полицијата и невнимателно возење, пренесува KUTV2News. 

Телевизијата ја сподели неговата фотографија на својата Фејсбук страница, а многу брзо станала хит. Имено, Курбанов има само 19 години.

"Каде е 19 годишниот? Јас гледам само 40 годишен маж", напиша еден Фејсбук корисник.

"Ако овој човек има 19, јас имам 12 години", "Пишува дека има 19, но според фризурата веројатно има 52 години".

Фотографијата ја искоменитарале повеќе илјади луѓе, а поголемиот дел од реакциите се поради неговиот изглед.

Полицијата тврди дека тинејџерот поминал на црвено светло и илегално престигнувал други возила во украдениот автомобил за Божиќ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk