Никогаш возени примероци на BMW од 1994 година пронајдени во бугарско складиште

Супермен

04/01/2019

10:32

6.702

Големина на фонт

а а а

Вкупно 11 никогаш претходно возени примероци на моделот BMW 5 (E34) од 1994 година неодамна биле пронајдени во едно старо бугарско складиште.

Складиштето се наоѓа во градот Благоевград во југозападна Бугарија, а се работи за десет седани и еден караван. Сите автомобили се произведени во 1994 година, но никогаш не биле регистрирани за градска употреба. Повеќето од нив се примероци на моделот 520, но има и неколку примероци од помоќниот модел 525.  


Изворите тврдат дека автомобилите биле купени за рент-а-кар услуги во раните деведесетти години, но никогаш не добиле регистарски ознаки.

Фотографиите ги прикажуваат одличните германски седани во нивната моментална состојба која не е баш идеална и веројатно е резултат на лоша грижа. Сепак, внатрешноста останала беспрекорна, а во некои автомобили се' уште стои заштитниот најлон. 


Доколку може да им се верува на гласините, автомобилите ќе бидат продавани во следните неколку месеци, а почетната цена наводно ќе изнесува 15 илјади евра.

Интересно, овие автомобили не можат да бидат регистрирани во Бугарија поради Еуро стандардот за емисии на издувни гасови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk