Како изгледаше Илон Маск во 1999 година кога купил Мекларен Ф1 и како го уништи

Супермен

08/01/2019

21:43

10.662

Големина на фонт

а а а

Илон Маск е човек кој благодарејќи на своите идеи и изуми стана милијардер. Но, во дамнешната 1999 година, кога ја продаде првата програма заработи 400 милиони долари и првите пари ги потроши на Мекларен Ф1 кој многу брзо го уништи.

"Во него поминав 11.000 километри, редовно возев од Лос Анџелес до Сан Франциско и никогаш не сум се тркал со него", рекол Маск за својот автомобил. 

Тој продолжил да раскажува дека се возел со пријателот Питер и дека го запрашал до која брзина може автомобилот да вози.


"Ја променив брзината, но на погрешен начин и автомобилот започна да се врти на улица. Потоа удривме во ограда која нè исфрли во возудх, три пати се превртивме и паднавме на земја, а автомобилот продолжи да се движи во правецот во кој требаше да се движиме. Сè беше скршено, а очевидците беа шокирани", рекол тој.

Рекол дека после тоа Питер и тој излегле од автомобилот и започнал да се смее.


"Само што сопре автомобилот јас излегов, ја погледнав штетата и започнав да се смеам. Питер ме праша зошто ми е смешно, а јас му реков дека автомобилот не е осигуран", вели низ смеа Маск.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk