Оставила страшна порака на Инстаграм, па се самоубила: 46-годишната актерка Аналис извршила самоубиство, ја пронашла полицијата

Точка

09/01/2019

15:01

7.026

Големина на фонт

а а а

Манекенката и актерка, 46-годишната Аналис Бракенсик била пронајдена мртва во својата куќа во Сиднеј, а причината за смртта е самоубиство.

Бракенсик кариерата ја започнала во 1997-ма година во хит серијата "Heartbreak High" каде ја играла Стефани, а потоа се остварила во улоги во сериите "Home and Away" и "Pizza". 

Паралелно се занимавала со манекенство, а била и заштитно лице на организација која се занимава со проблемите со менталното здравје и со превенција на самоубиство.

Полицијата провалила во куќата на манекенката откако оставила загрижувачка порака на Инстаграм, во која напишала дека нејзиниот свет е свртен наопаку. Нејзините пријатели се загрижиле, откако не се јавувала на телефон, па повикале полиција.

Бракенсик претходно зборувала за борбата со депресијата, поради што и се поврзала со организација за заштита на менталното здравје.

"Скршени сме од веста за нејзината смрт. Ја сакавме и почитувавме и праќаме сочувство од срце до нејзините најмили", соопштила организацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг