Три рајски дестинации кои воопшто не се безбедни за туристи

Точка

09/01/2019

20:05

4.586

Големина на фонт

а а а

Кој не би сакал да ги доживее магичните арапски ноќи или егзотичните плажи во Малезија?

Сепак, овие дестинации повеќе не се толку безбедни колку што беа, па затоа треба два пати да размислите пред да го испланирате својот одмор таму. 

Борнео, Малезија

Во малезискиот архипелаг се наоѓа место кое нуди рајски плажи, богати тропски шуми и неверојатна дива природа. Иако ова место изгледа прекрасно, ситуацијата таму е многу опасна. Изборниот период кон почетокот на мај доведе до киднапирање на неколку туристи, а токму летувалиштата на овој остров се на листата на најопасни места, каде цел на киднапирање се токму туристите.


Мадагаскар

Во споредба со другите земји во Африка, степенот на криминал тука е далеку помал. Меѓутоа, политичките преврати во регионот довеле до повисока стапка на невработеност, а со тоа и зголемување на криминалот. Ова особено важи за подрачјата кои се популарни помеѓу туристите, како што се аеродромите и пазарите на отворено.


Каиро

Каиро се смета за најопасен град на светот за женскиот пол. Сексуалното насилство и политичките различности помеѓу жителите го прават Каиро многу проблематичен, не само за жените кои живеат тука, туку и за посетителите. Исто така, опасноста од тероризам не стивнува, а најдобар пример за тоа е неодамнешната експлозија на туристички автобус во Гиза.




Спонзорирани линкови

Маркетинг