Крај на Томосот: Заминува уште еден симбол на југословенската индустрија

Супермен

10/01/2019

14:46

2.756

Големина на фонт

а а а

Мопедите на Томос беа “виновни” за првите километри на бројните генерации на мотоциклисти, но и за откривање на магијата на домашното тјунирање и индивидуализацијата.

Малите и издржливи мопеди брзо станаа омилени на сите простори на поранешните земји, а славата на малото коперско чудо се прошири и низ Европа каде денес Томос се' уште има свои поклоници. 


Своедобно, Томос владееше со модерна технологија и беше воочлив на многу спортски натпревари, но не најдобро се снајде со влезот во добата по распаѓањето на Југославија.

Во новиот милениум, сопственикот – компанијата “Хидра” се најде во бројни проблеми, па така во 2015 година таа одлучи да го продаде Томос на друга компанија – “МПО Кабел”. Најавени беа големи вложувања и ширење на производството, но на крајот ништо не се случи.


Тие западнаа во големи финансиски потешкотии со што производството престана во септември минатата година, а вработените чии плати беа скратени, сами си дадоа предлог за стечај. Бидејќи компанијата не дала доказ за барем некаква платежна способност, стечајот бил единственото решение.

Затоа, доколку сте носталгични, побрзајте – цената на Томосот сигурно ќе расте, а моменталната понуда и не е толку лоша. Солидните примери можат да се најдат буквално за многу ниски цени, отприлика по цената по која се продаваат денешните “југовци”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk