Ауди го претстави освежениот “TTS”

Точка

10/01/2019

17:38

1.081

Големина на фонт

а а а

Пристигна освежениот култен двосед од Инглоштад во најмоќната изведба после онаа со ознаката RS – располага со 306 коњски сили и достигнува брзина 250 километри на час.

Новиот “TTS” ја користи познатата тактика на Ауди – некогаш заоблените линии сега стануваат исклучително агресивни. Елементите на мат алуминиумската боја веднаш ќе го привлечат вашето внимание, баш како и “TTS” ознаката.

Ентериерот е исто така добро познат, а виртуелниот кокпит и минималистичкиот дизајн, како и врвните материјали нудат ултимативно уживање на патниците.


Сепак, кога станува збор за овој модел, купувачите најмногу ги интересира тоа што се наоѓа под хаубата. Освежениот “TTS” пристигнува со 2.0-литарскиот TFSI кој што развива 306 коњски сили и заедно со автоматскиот менувач S Tronic од 7 брзини, силата ја пренесува на quattro погонот.

Новиот “TTS” од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час. Во продажните салони ќе пристигне на пролет оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг