Ова е земјата во која сите сакаат да се преселат поради идеалните услови за работа

Точка

10/01/2019

21:34

7.441

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да започнете нов живот во странство, Германија е најдоброто место за продолжување на кариерата, се наведува во новото истражување.

Меѓународната банка “HSBC” објавила листа на најдобри земји за работа, а Германија е на врвот на листата за “амбициозните глобални патници кои сакаат да ја продолжат кариерата во некоја друга земја”. 

Врз основа на анкетата која опфатила повеќе од 22 илјади меѓународни работници, амбициите во кариерата се главната причина поради која луѓето се селат во странство. Германија исто така за прв пат ги победила своите соседи – Швеѓаните.


Не само што 65 отсто од испитаниците оцениле дека станува збор за најпродуктивна земја за работа, 70 отсто од нив сметаат дека рамнотежата помеѓу приватниот и деловниот живот е далеку подобра во оваа земја. Бидејќи некои компании дури и им забрануваат на своите вработени да ги проверуваат мејловите за време на викендите, Германија станува втора најдобра работна култура на светот, зад Шведска.

Исто така, 73 отсто од испитаниците сметаат дека работата во Германија им е посигурна, а 77 отсто од нив велат дека нивните шанси за заработка се подобри отколку во земјата од која што доаѓаат.

На третото место се нашла Велика Британија која постигнала напредок во рамнотежата помеѓу деловниот и приватниот живот и високата заработувачка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг