Првиот трансродов маж кој се породи минатата година ги предупредува останатите да не го прават тоа бидејќи е "премногу тешко"

Супермен

11/01/2019

11:37

2.418

Големина на фонт

а а а

Хајден Крос се појави во една британска емисија каде говореше за добрите и лошите страни на родителството. Имено, тој неодамна го стопираше процесот на транзиција на полот, бидејќи сакал да роди дете пред да стане маж, пренесува The Sun.

Хајден, чие првично име било Пејџ, стана првиот маж кој роди дете. Тој се породи минатата година, а оттогаш често изјавуваше дека му се допаѓа тоа што е татко, но не ги советува останатите да го прават тоа.


"Сметам дека не бев подготвен во тој момент, но сега сè е како што треба и сè е на свое место. Беше чудно, имав многу различни емоции и не советувам никој да го направи истото. Доколку сепак се одлучите на тоа, осигурајте се дека покрај себе имате навистина доволно добра поддршка", рекол Хајден.


22 годишниот Хајден се породи со царски рез и вели дека целото тоа патување беше многу тешко, но дека е среќен што има ќерка која расте во среќно опкружување.

"Веќе ги оперирав градите и сметам дека наскоро ќе бидам подготвен да го оперирам и долниот дел на телото. Исто така, наскоро ќе се вратам на работа и евентуално ќе започнам сопствен бизнис, бидејќи сакам да ѝ обезбедам добар живот на мојата ќерка", вели Хајден.


Кога ги објавил вестите за бременоста добил голем број на закани од сите страни на светот, а неговиот одговор е тоа дека тој сега ја има најдобрата работа на светот - ќерка, додека тие имаат само омраза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk