Новата Toyota Supra целосно разоткриена во пресрет на премиерата

Супермен

11/01/2019

14:48

1.038

Големина на фонт

а а а

Дизајнот на новата Supra повеќе не е тајна благодарение на фотографиите кои “протекоа” во пресрет на Новата година, а видеото кое минатата недела се појави на интернет во целост ја разоткрива надворешноста на овој спортски автомобил.

Вљубениците во јапонските спортски автомобили ќе уживаат во кадрите од возењето на новата Toyota Supra. 

Краткото видео беше објавено на мексиканскиот Твитер профил на јапонскиот произведувач, само неколку дена во пресрет на светската премиера која ќе се случи на 14-ти јануари на саемот на автомобили во Детроит:

Toyota засега не ги открила техничките детали на новата Supra, но главниот инженер задолжен за развој на овој модел потврди дека под хаубата се наоѓа BMW бензинец со 6 цилиндри.

Во новиот модел на BMW – Z4 M40i, овој агрегат произведува 387 коњски сили и развива 500 Nm, па слични спецификации можат да се очекуваат и во новата Supra.


Повеќе информации за новата Toyota Supra се очекуваат во наредните неколку дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk