Се сомневате дека ве шпионираат? Овој шокантен извештај покажува дека можеби сте во право

Супермен

11/01/2019

15:21

1.592

Големина на фонт

а а а

Во борба за освојување на паметните домови, “Amazon” минатата година ја презел компанијата “Ring” за повеќе од една милијарда долари, а истата произведува сигурносни камери и паметни ѕвона за врати со камери.

Благодарение на инсталираните камери и сензорите за движење, сопствениците на домовите ќе добијат известување секој пат кога некој ќе се појави пред нивната врата, а тоа можат да го видат и преку мобилната апликација кога не се дома. 

Еден од проблемите на паметните домови и сите паметни уреди со камери и микрофони е тоа што тие постојано снимаат и “слушаат” сѐ што се случува во станот/куќата или околу нив. Дали луѓето навистина имаат право да бидат параноични и внимателни во вакви ситуации покажуваат и информациите кои вчера се проширија низ интернетот, а според кои вработените во “Ring” имале пристап до снимките од камерите.


Според тие информации, ваквата пракса во “Ring” започнала откако во 2016 година компанијата преместила дел од своите операции од Сан Франциско во Украина, со цел да заштеди пари. Во Украина била отворена канцеларија за истражување и развој, а со месеци по отворањето на канцеларијата, видеозаписите од камерите не биле шифрирани, а со тоа вработените имале пристап до таквите видеозаписи и можеле да ги преземаат од серверот и да ги споделуваат на интернет.

Исто така, некои директори и инженери во американскиот оддел на компанијата имале пристап до “нефилтрирани и целодневни преноси во живо од камерите на некои корисници”. Наводно, дури некои инженери од компанијата ги задевале своите колеги кои ги следеле по вечерните излегувања и за личностите кои тие ги носеле во своите станови по излегувањата.


Откако “Amazon” ја презел компанијата “Ring”, воведени се строги сигурносни мерки со кои се спречил – односно требало да се спречи пристап до чувствителни информации на корисниците, но наводно вработените во “Ring” пронашле начин за заобиколување на ваквите мерки, а еден вработен од украинскиот оддел им признал на новинарите:

“Работниците можеа да пристапат до серверот од било кој компјутер, од своите домови или било кое друго место”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk