Чешкиот бренд и минатата година ги надмина очекувањата и забележа рекордна продажба од 1,25 милиони автомобили.
Ова е веќе петта година како Чесите го надминуваат производството од милион автомобили во текот на една година, а покрај тоа, само минатата година донела одличен раст на продажбата од 4,4%.
Во текот на изминатите шест години, Шкода ја зголеми продажбата на своите автомобили за импресивни 30%, а трендот продолжува да расте. Минатата година, чешката компанија која што работи „под капа“ на германски Фолксваген продаде вкупно 1,253,700 автомобили што е апсолутен рекорд во историјата на Шкода.
Најголема експанзија чешкиот бренд во текот на минатата година забележа на пазарот во Русија каде што се продадени 81,500 возила, односно дури 30,7% повеќе во однос на минатата година.
Исто така, раст од 4,9% е забележан во Европа каде што се продадени над 826 илјади автомобили, а раст од исто така 4,9% е забележан во Кина каде што се продадени 341 илјади автомобили на Шкода.
Ако гледаме низ понудата на модели, тогаш огромен раст е забележан кај SUV моделите Kodiaq и Karoq, додека пак убедливо најпродаван модел и натаму е Octavia.