Биланс на хоророт во Париз: Во страшната експлозија загинаа четири лица, вклучувајќи двајца пожарникари

Точка

12/01/2019

14:43

2.411

Големина на фонт

а а а

Четири лица загинаа денес во експлозија на гас во Париз, соопштија од француското министерство за внатрешни работи.

Претходно француските медиуми пренесоа дека повредени се 36 лица, од кои 12 се во критична состојба. Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастан изјави дека „ситуацијата сега е под контрола“.

Експлозијата се случила во 9-тиот париски арондисман во една пекара, а се верува дека причина за експлозиајта е протекување на гас. Британската новинска агенција „Ројтерс“ пренесува дека експлозијата, по која што следувал пожар, била толку силна, што биле разнесени прозорците на објектите оддалечени и до 100 метри.


Министерот Кастан изјави дека во спасувачката операција учествувале околу 200 пожарникари, а во близина на местото на експлозијата слетале и два хеликоптери кои што помогнале во евакуацијата на загрозените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг