Том Харди стана татко по втор пат: Името кое му го дал на синот ќе ги воодушеви сите љубители на филмските класици

Точка

12/01/2019

16:49

7.532

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите светски заводници, актерот Том Харди, по втор пат станал татко, пишува “The Sun”.

Харди и сопругата Шарлот Рајли добиле син на кој му го дале името Форест, пренесуваат британските медиуми. Извори блиски до парот тврдат дека тие го избрале името Форест бидејќи Шарлот го обожува филмскиот класик “Forrest Gump” со Том Хенкс во главната улога. Точниот датум на раѓање на момчето не е познат бидејќи Харди и Рајли во последно време не се експонираат во јавност. 


“Пресреќни се поради бебето, а пријателите веќе тврдат дека тој личи на Том”, изјавил анонимен извор за “The Sun”. “Се повлекоа за време на празниците за да можат да се навикнат и прилагодат на новороденчето”.

“Многу им се допаѓа името Форест, сметаат дека е многу моќно. На Том отсекогаш му се допаѓал филмот кој го смета за инспиративен, па затоа и името му се чини соодветно”, тврди изворот.


Парот се венчаше во 2014 година, а заедно веќе го имаат синот Луис Томас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг