Ова се европските раеви: Во овие земји просечната плата е 3.000 евра, ниедна не е во нашето соседство

Точка

12/01/2019

17:34

8.719

Големина на фонт

а а а

Најголеми просечни плати во државите на ЕУ имаат работниците во Данска и Луксембург, додека најниска е платата во Бугарија.

Ова се резултатите од истражувањето кое го направил истражувачот и економист Реинис Фишер, кој често прави економски анализи, пренесува "Al Jazeera". 

Според анализата која кон крајот на декември минатата година Фишер ја објавил на својата интернет страна, просечната плата во Данска и Луксембург кон крајот на минатата година изнесувала повеќе од 3.000 евра месечно.

По тие држави, следат Шведска, Финска и Ирска, каде просечната плата изнесува околу 2.500 евра.

Според оваа анализа, просечната плата во Естонија изнесува 957 евра, во Летонија 738 евра, а во Литванија 639 евра.

Од останатите земји на ЕУ, просечната плата во Португалија изнесува 925 евра, а во Грција 917 евра.

Најниски плати во ЕУ се забележани во Бугарија - 457 евра, а малку пред нив е Романија, каде просечен работник заработува 565 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг