Крај за порнографијата поради епидемија? Во Јужна Кореја владее одвратен вид на порнографија поради што властите се избезумени, а жените жртви

Точка

12/01/2019

19:04

9.623

Големина на фонт

а а а

Ко-основачката на најголемата порнографска страна во Јужна Кореја е осудена на четири години затвор поради дистрибуција на несоодветна содржина. Имено, властите сакаат да ја запрат воајерската епидемија која ја покоси земјата.

Идентитетот на жената засега останува непознат, но она што се знае е дека е осудена поради помагање за ширење на престапни фотографии по пат на страната Соранет, која наводно ја основала во 1999 година со помош на својот сопруг и уште еден пар.


Илегална содржина

Соранет, чиј сервер се наоѓа во Америка, имаше околу милион корисници кои прегледувале околу 10.000 фотографии вклучувајќи "одмаздувачка порнографија" и видеа од жени потајно снимени додека се во тоалет во јавни места. Страната беше затворена во 2016 година откако против неа се побуниле феминистичките здруженија.
"Покрај основиот концепт на порнографија, страната сериозно ги нарушуваше достоинството и вредноста на децата и младите, како и на сите останати луѓе", стои во судската пресуда.

Ужасна парична казна

Сонг, како што ја нарекуваат основачката, побегна во Нов Зеланд откако се покрена постапка против неа, но минатата година самата им се предаде на властите тврдејќи дека за сѐ е виновен нејзиниот сопруг и другиот пар кој живее во странство.
Покрај затворската казна, добила и парична во износ од речиси милион долари, а ќе мора да помине и низ други превенции за сексуално насилство.


Епидемија од библиски размери

Во Јужна Кореја дистрибуцијата на порнографска содржина е инаку строго забранета, но луѓето и понатаму им се заблагодаруваат на странските сервери.
Тајното снимање на жени за време на сексуални активности доби епидемиски размер поради што жените ширум светот протестираа минатата година. Во тој период поради нарушување на правата на жените уапсени биле 16.000 луѓе од кои 98 % биле од машкиот пол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг