Лапсуси на славните: "Јас сум за смртна казна, така ќе се научат за следниот пат!"

Точка

12/01/2019

19:30

7.316

Големина на фонт

а а а

Ниту планетарно познатите личности не размислуваат премногу пред да дадат изјави и потоа тие звучат навистина смешно. Но, има и такви кои толку многу ќе Ве збунат што ни после долго размислување нема да Ви биде јасно што сакал авторот да каже.

Поради тоа секогаш треба да имате во предвид - прво размислете пред да кажете нешто, бидејќи кога веќе еднаш сте кажале нешто глупаво, а притоа сте славна личност, тоа се прераскажува и никогаш не се заборава.

Бритни Спирс


Јас сум за смртна казна. Оној кој ќе направи грозно дело, мора да биде казнет. Единствено така може да научи за следниот пат.

Шекил Онил


Нашиот напад е како Питагоровата теорема - нема одговор!

Памела Андерсон


Не размислувам премногу, бидејќи ако размислувам тогаш тоа многу ме плаши...

Мел Гибсон


Тоа е одлична приказна. Не е ниту чудно кога во неа има околу осум насилни сцени со смрт! Зарем тоа не е вистински трилер? (Хамлет)

Камерон Диаз


Забележувам гравитација уште од многу мала...

Мараја Кери


Кога и да погледнам на телевизија колку деца ширум светот гладуваат ми доаѓа да се расплачам, а не можам да помогнам. Мислам, би сакала да бидам толку слаба, но не со сите тие маки, секојдневна смрт и сите останати работи наоколу.

Мадона


Сакам да бидам како Ганди и Мартин Лутер Кин и Џон Ленон...но жива...

Арнолд Шварценегер


Мислам дека геј браковите се нешто што треба да се случува помеѓу мажите и жените...



Спонзорирани линкови

Маркетинг