Зошто најбогатиот човек на светот ги полнеше медиумите и пред неверството?: Има необичен вкус за храна и чудни ритуали, а вака ги воспитува своите деца

Супермен

14/01/2019

10:21

4.008

Големина на фонт

а а а

Светските медиуми не престануваат да пишуваат за разводот на основачот на “Amazon”, Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи, меѓутоа, најбогатиот човек на светот и претходно ги полнеше медиумите најмногу поради својот ексцентричен живот.

Безос не е обичен родител 

Безос е роден во Ново Мексико во 1964 година. Неговата мајка го родила додека била тинејџерка, а неговиот татко рано го напуштил семејството. Џеф освоил место на универзитетот Принстон, каде дипломирал електротехника и информатика.

Најбогатиот човек на светот се запознал со Мекензи додека работеле заедно во еден хеџфонд во Њујорк. Таа го направила првиот потег и го поканила на состанок, а во рок од три месеци тие се вериле, а по шест и се венчале.

Џеф Безос ја напуштил работата и се преселил во Сиетл за да ја покрене компанијата “Amazon”.


Тие двајца имаат четири деца кои ги одгледуваат на многу чуден начин.

Во едно интервју, Безос изјавил дека на своите деца им дозволил да си играат со ножеви кога имале само четири години, а електричните уреди им ги дозволил од нивната седма година, бидејќи “овозможувањето да преземат ризик и да се потпираат на себеси ги учи да бидат поснаодливи во животот”, а тој го смета тоа за клучна особина како во деловниот, така и во секојдневниот живот.

Срамежлив, но енергичен

Милијардерот дава многу малку интервјуа за медиумите, но оние кои го запознале го опишуваат како “енергичен и оптимистичен”. Други пак, го нарекуваат “интензивен”.

Безос за себе вели дека секое утро станува рано и без будилник. Тој е срамежлив и не сака состаноци, а вели дека се состанува со инвеститорите само неколку пати годишно и има “правило на две пици”, што значи дека одржува состаноци на кои две пици ќе бидат доволни за да ги нахранат бројот на луѓе кои присуствуваат на нив.


Голем гастроном

Шефот на “Amazon” обожува необични јадења, а наводно во текот на состанокот со основачот на компанијата “Woot”, Мет Ратлиџ, тој за појадок нарачал октопод со компири, сланина, јогурт и јајца. Тоа е само еден од ексцентричните детали поврзани со животниот стил кој Безос го почитува. Кога е дома, тој наводно обожува да ги мие садовите по вечерата, што за него претставува некој вид на ритуал.

Ранчеви и домови

До 1999 година, Безос и неговата сопруга живееле во еднособна куќа во Сиетл, но денес поседуваат најмалку пет домови и повеќе станови ширум САД.

Џеф е 25-тиот најголем земјопоседник во Америка, наведува “Business Insider”.


На Беверли Хилс има четирисобна вила со базен која изнесува 10 милиони долари, како и огромна, двојно поскапа вила со тениски терен и гаража за шест автомобили. Неговата најнова недвижнина е всушност еден поранешен музеј за текстил во Вашингтон, кој тој го купил за околу 23 милиони долари и кој се состои од две вили.

Негови соседи се семејството Обама, како и Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер.

Љубител на научната фантастика и вселената

Џеф Безос е голем љубител на серијата и филмовите “Star Trek”, а дури и се појавил во филмот во 2016 година.

Милијардерот ја основал компанијата “Blue Origin” за да го направи вселенскиот туризам подостапен до луѓето, а исто така поседува и лична подморница која се спушта до дното на океаните и ги бара старите ракети на “NASA” – често ги води своите деца на ваквите авантури.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk